Messenger маркетингот брзо го менува начинот на кој луѓето се поврзуваат со компаниите онлајн.

На овој курс, ќе научиш како да ја искористиш оваа најнова платформа за да ја прошириш публиката и својот бизнис со интерактивни chat bot-ови што испорачуваат персонализирано еден-на-еден искуство со твоите корисници. Ќе научиш што е Dark Social и како да го искористиш ова знаење во пракса.

МЕСТО

Обуката ќе се одвива во Clear View Business Training Center.

ЧАСОВИ

Обуката ќе трае 8 часа. Теоретски и практични часови.

РАСПОРЕД

01.07.19 / 16.30 -20.30 
03.07.19 / 16.30 -20.30

Зошто Messenger Marketing?

Месинџер апликациите во последниве години стануваат се попопуларни, а од почетокот на годинава, Facebook Messenger и WhatsApp се покористени од Instagram и Twitter.

Messenger маркетингот е канал кој кога се користи правилно, отвора бесконечни можности за комуникација со вашата публика, а за возврат носи повеќе лидови и продажба.

Од корисниците преферираат да контактираат со комапнии преку порака отколку да се јават.

Од сопствениците на компании бележат пораст на бројот на испратени пораки од корисниците.

Месинџер апликациите најчесто користат младите. Просечна возраст на корисниците е под 35 години.

Пораките на месенџер се отвараат 10-80 пати повеќе од оние испратени на e-mail.

 

Што е Dark Social?

Dark Social е одговорен за 84% од надворешни споделувања на содржина. Која е оваа мистериозна моќ, од каде доаѓа и што е најважно – како може да му користи на твојот бизнис?

На овој курс ќе научиш се што можеш да направиш за следиш поголем дел од овие дискусии.

Зошто ти треба chat bot?

Во овој курс, ќе зборуваме зошто треба да користиш chat bot. Некои од причините се:

  • Ги проширува можностите за продажбa
  • Го зголемува сообраќајот на твојата страница
  • 154% зголемена вклученост на корисниците
  • 400% повеќе лидови

 

програма

#1 – Директна комуникација, сега!

Во воведниот дел ќе посветиме повеќе внимание на актуелната состојба на развојот на социјалните медиуми, падот на органскиот досег, занемарувањето на facebook feed-от и пренасочувањето на стратегиите кон другите канали. Ќе зборуваме за dark social и ќе зборуваме за различните тактики и стратегии кои може да ги применуваат различните бизниси со помош на месинџер маркетингот. 

#2 – Креирање на chat bot

Во овој дел од обуката ќе работиме чекор по чекор и ќе учиме како да ги користиме основните опции на facebook месинџерот, како да избереме соодветен сервис и како со него да напрвиме чет бот. Ќе ги разгледаме основните можности кои се достапни преку ботовите, мултимедија, форми и лидови…

#3 – FB Messenger огласување

Во последниот дел од оваа обука ќе се зборуваме малку за општите карактеристики на FB огласувањето а поконкретно ќе ги разгледаме специфичностите за messenger рекламите. Ќе креираме реклами и ќе ги поврземе истите со чет ботовите креирани во претходниот дел од обуката. 

 

АЛАТКИ ШТО ЌЕ СЕ КОРИСТАТ:

ПРЕДАВАЧ

Дарко
БУЛДИОСКИ

@darko156

Дарко е основач на маркетинг агенцијата „NewMediaMK“ и програмски директор на „AllWeb“ конференција за дигитален маркетинг. Тој е стратег за дигитална трансфорамција и маркетинг. Работи за големи и мали интернационални и локални брендови, граѓански организации, медиуми и политички кампањи. Активен е во полето на едукација повеќе од 10 години. 

Во својат богата професионална кариера меѓу другите работел и за The Coca-Cola Company, ONE Telecom, Mozzart Bet, Grand Kafa, Argeta, UNDP, Ramstore, CryptoCronic, Park Hotel and Spa, Imperial Tobacco и многу други. 

Скоро 15 години објавува текстови, аудио и видео содржина на Komunikacii.net а редовен автор е и во месечникот Економија и бизнис. 

По завршување на обуката слушателите ќе бидат способни:

  • Да креираат chat bot
  • Да се поврзат со својата публика преку chat bot
  • Да донесат нови лидови
  • Да направат нови продажби за својот бизнис

Цена на обуката 5.800 денари

Пријави се веднаш

бројот на местата е строго ограничен

ПАРТНЕРИ

Clear View е Бизнис Тренинг Центар (BTC), активен на територијата на Македонија од 2005 година. Оперира како прв лиценциран бизнис тренинг центар во Македонија. Развивајќи се динамично, денеска може да се издвојат следните позначајни партнерства: со најреномираниот центар за едукација на информатичка технологија – Семос Компјутерски Образовен Центар; партнерството со Адижес Институтот, од Санта Барбара – Калифорниjа, САД, партнерсвото со Adizes South East Europe (ASEE), и партнерството во полето на Интернет маркетинг со EC Council.